Став на Костовски

РИБАТА СМРДИ ОД  ГЛАВАТА

Организираниот криминал и корупција се производ на институциите на системот во државата. „Мудрите луѓе велат Рибата смрди од главата“. И во овој случај во изминативе две декади, главните промотори на корупцијата и организираниот криминал, беа токму поддржувани од највисоките структури во земјава. Ова го тврдам од лично искуство. Бев Градоначалник на Скопје, не дозволив никакви манипулации со тендери при изведба на капитални инвестиции или пак капитални набавки за потребите на Град Скопје. Ќе посочам само еден пример: при набавката на уличните светилки за булеварите и раскрсниците на Град Скопје, со кои светилки имаше 70% заштеда на електрична енергија, при потпишување на договорот со фирмата Филипс, бев јавно споменат како единствен Градоначалник од бившите ЈУ простори кој не барал мито. Кај мене правилото важеше: најниска цена, најдобар квалитет и најбрза монтажа. Сакам да ве убедам дека од првите луѓе, дали на централно или локално ниво, многу ќе зависи до каков степен ќе биде присутна корупцијата и организираниот криминал. Ако првите луѓе во Владата или во Општината, дадат јасни правила на владеење каде криминалот и корупцијата ќе бидат осудени, бидете убедени дека тоа ќе се пренесе и на пониските ешалони.

Факт е дека актуелната Влада формираше посебно Министерство за борба против корупцијата. Ефектите се никакви, а трошоците за функционирање на ова Министерство се огромни, каде е есапот, кого замајуваат? Организираниот криминал нема ниту лице ниту наличје, нема ниту вера, нема ниту нација. Тој функционира во земји каде институциите на системот поданички му служат на главниот организатор на ваквите криминали. Со еден збор организираниот криминал не може да постои и да функционира без асистенција на институциите на системот во државата.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %