Став на Костовски

Аерозагадување – Популизмот да го замениме со акција

Со години наназад од кога светот почна да го контролира воздухот што секојдневно го дишеме, Скопје и Македонија ги зазедоа првите места во светот по загаденост.

Последиците од нечистиот воздух по здравјето на граѓаните е сериозен проблем за кој не смееме да молчиме.

Загадениот воздух е последица од несовесно користење на ресурси кои ни ги дава планетата Земја во нашето секојдневие.

Доколку навистина сакаме да го решиме овој проблем неопходно е да се изврши сериозно испитување на почвата, водата и воздухот од страна на специјализирани фирми од оваа област кои имаат сериозно искуство и знаење.

Без точна дијагноза нема да можеме да се справиме со ова зло.

Градот Скопје и Владата на Република Македонија мора сериозно да се зафатат со овој проблем и да не штедат финансиски средства за негово решавање.

Мора да се има предвид и фактот дека со брзата индустријализација во бившата ФНРЈ и СФРЈ Скопје како главен град на Република Македонија беше нападнат од таканаречената прљава индустрија.

Преработувачки капацитети од областа на црната, обоената металургија, хемиска индустрија, кожарска индустрија, цементна индустрија и стакларска индустрија оставија длабоки траги во почвата, водата, а во дадениот сучај и во воздухот кои ние денес го дишеме.

Во дамнешните времиња кога се индустријализиравме не постоеја закони кои ќе го контролираат учеството во загадувањето на воздухот кои го дишеме.

Денес институциите во Македонија аерозагадувањето го констатираат не нудејќи решение како да се справиме со истото.

Од историјата знаеме дека некогаш најзагадените региони со така наречената прљава индустрија како областите Рур во Германија и Шлонск-Шлезија во Полска го имаат решено овој проблем. Градот Есен во Рур во 2008-та година беше прогласен за најчист град во светот.

Предлагам да го користиме искуството кое светот го има имплементирано.

Секој изгубен ден во непреземање конкретни чекори во решавањето на овој проблем е повод за нови заболувања со можни смртни последици меѓу граѓаните.

Популизмот треба да го замениме со акција.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %