ИЗВИНУВАЊЕ
Синдикатот УПОЗ бара лично и јавно извинување од премиерот Зоран Заев кој изјави дека во високите ешалони, министрите и директорите, не се корумпирани и нема корупција, туку кај пониските ешалони односно во административните служби.
Од синдикатот УПОЗ велат дека не знаат која е причината што во последно време се напаѓа администрацијата, прво како неработници, а сега велат како корумпирани.
-Тие што конкретно работат со странки работат по налог на претпоставени, и одговараат пред него. Навистина сме изненадени и очекуваме објаснување“, рече Верица Тасева, член на УПОЗ.
-Не можам да претпоставам дали е несреќно дадена изјава, гаф на премиерот, меѓутоа подолг период се случува да се напаѓа администрацијата. Ние ќе бараме средба во секој случај не само за ова туку и за други прашања. Мислам дека со вакви изјави во иднина не смее да се карактеризира администрацијата. Ова е страшно и целата вина за состојбите и корупцијата и неефикасноста во работењето се фрла само на една категорија работници, изјави Пеце Груевски, претседател на УПОЗ.
Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК): Состојбите што произлегуваат од постапките што ДКСК ги води и за кои постојано укажува на своите јавни седници, говорат за утврдени состојби на злоупотреба на функции од страна на пратеници, министри, директори, членови на управни и надзорни одбори при вработувања на свои блиски лица или членови на политички партии; суптилно договарање критериуми за избор на економски оператори при доделување договори за јавни набавки или непредвидување никакви критериуми, со цел договорите да се доделат на наменски новоформирани фирми; влијание на градоначалници при одредување габарит на одредени објекти при носењето на ДУП-ови; политички несогласувања и пазарења при избор на членови на разни регулаторни тела, судови, совети итн.; непредвидени казнени санкции за таквото однесување во законската регулатива или нивно непроцесирање во надлежните судови. Сметаме дека третиот ешалон не е во можност да одлучува за претходно наведените случаи

















