Став на Костовски

Вања и поуки!

Почитувани читатели, цели десет дена македонската јавност ја пратеше борбата да се најде исчезнатата 14 годишна Вања, цветот во секое нормално општество.

Бруталното убиство ја отвори „Пандорината кутија“ за тоа какво општество во Македонија изградивме. После обзнаеното свирепо убиство на Вања сета јавност се крена, ама најмногу политичките партии да направат анализа за тоа како се случил овој злостор и дали можело да се превенира.

Огорченоста во јавноста е нормален порив на секое општество. Жално е што во анализите кои се водеа на сите социјални и телевизиски канали, а посебно меѓу политичките партии на власта и опозицијата не генерираат вистински приод кон решавањето на вакви грозоморни чинови. Вања е еден од случаите како производ на лошо поставен политички систем. Убеден сум дека нефункционалноста и длабоко политизирана држава е извор кој може да предизвика и нови убиства од интерес.

Македонија како држава го одбра демократскиот плуралистички систем на владеење. Плурализмот сам по себе подразбира дека за одредени сегменти во етаблирањето на правна држава мора да има меѓупартиски консензус дека професионалноста на кадрите треба да биде над партиските интереси. Меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата за тоа кој можел да го спречи или не овој злостор се во најмала мера смешни. Досегашното практикување на демократија во Македонија се идентификува дека во сите сфери на државниот систем преовладува партискиот интерес и интересот на партиските врхушки. МВР по вокација која денес има 5 пати повеќе вработени полицајци отколку во времето на бившата СФРЈ е нефункционална. Токму тука лежи проблемот, на нефункционалноста на Министерството за внатрешни работи која во основа треба да ја гарантира безбедноста и правата на слобода. Денес МВР функционира како „рогови во вреќа“, зафаќа најголем колач од буџетот на Република Македонија, ама очигледно големината на буџетот не се користи за заштита на граѓаните, туку повеќе за партиските лични интереси. Професионализмот на МВР е ставен на второ место, најнапред е партискиот интерес и жално е што функциите во сите ресори на министерството мора да бидат првенствено покриени со партиски кадри, а професионалноста на кадрите се става на второ или трето место. Повеќе од јасно е дека МВР мора да се реконструира. Токму ова е темата на која сите политички партии треба да се сплотат и да изградат систем за безбедност на граѓаните.

Ќе наведам еден пример од моето детство, како Новомаалец во Скопје имавме тројца улични полицајци, секој од нив беше пријател во нашите домови. Полицајците знаеја точно кого треба да штитат и на кого треба повеќе да посветат внимание. Свесен сум дека новите времиња носат нови системи со кои треба да се гарантира безбедноста и слободата на секој граѓанин, ама прашање е како таквите системи да ги ставиме во функција. За вакви работи се потребни луѓе со знаење и искуство кои ќе можат да одговорат на новите предизвици. Жално е што констатирам дека партиските интереси ја убиваат безбедноста и слободата.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %