Костовски бара оставка од раководството на ЦУК
Во Република Македонија, се практикуваат две нешта по што сметам дека сме уникатни: Среде зима сме изненадени од паѓањето на снегот и службите коишто треба да го превенираат овој настан се неспремни, изјави бизнисменот и филантроп Трифун Костовски.
Тој потсети дека во првата декада од овој век дека поради силни снегови 30 отсто од македонските села во западниот и источниот дел на Македонија беа завеани и отсечени во своите комуникации.
– Ваквото правило на изненадување ни се случува и во лето, кога сме повторно неспремни кога треба да го дочекаме очекуваното жешко лето со можни пожари и доаѓаме до фактот дека во летните пожари не можеме да интервенираме, бидејќи постоечката механизација од ертрактори и авиони не е во функција. Замислете, крај на Јули, почеток на Август, нефункционална опрема, несервисирана, со еден збор комплетно несериозен приод. Противпожарните бригади коишто постојат во сите урбани средини ниту од далеку не можат да се справат со оваа стихија. Впрочем противпожарните бригади се наменети исклучиво за решавањето на пожарите во урбаните средини. Центарот за управување со кризи, предводена од актуелниот директор Стојанче Ангелов треба веднаш да си даде оставка со целиот раководен тим. Најголема грешка во Македонија што оваа многу сериозна институција за справување со елементарни непогоди не е ставена под капата на АРМ, туку е ставена под капата на политичарите и МВР. Зошто ова го велам, затоа што во армијата само најдобрите успеваат, а во полицијата само најлојалните на лидерот. Вие размислете, истакна Костовски.
















