ОСУДА
Драматичните настани кои се случија во Собранието на Република Македонија при работење на Комисијата за европски прашања се случи инцидент со фрлање на чаши. Не ме погодува чинот за фрлените чаши од кафе и вода, ме погодува вокабуларот на одредени високи функционери од партијата ДУИ кои што не придонесуваат за создавање на меѓуетничка толеранција, туку напротив го разгоруваат и така кревкиот во Македонија меѓуетнички мир. Партијата ДУИ како најсилна партија во албанскиот блок има сериозни задачи пред себе да го смири своето членство и да го промени говорот на омраза со говорот на човекољубие. Судбината на сите граѓани во Република Македонија од она што се случува денес и допрва што ќе се случува на социјален план е заедничка. Место за национализми нема, туку час поскоро максимално сплотување, со цел да се надминат претстојните предизвици пред кои се наоѓаат граѓаните на Република Македонија. Сите мои сограѓани во Република Македонија имаат идентични потреби во своите животи. Лекциите од минатото треба да ги научиме и да не дозволиме да се распламти говорот на омраза.













