Став на власт

ДЕСТРУКТИВНО

СДСМ

Секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии а денеска дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка.

Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш ама секогаш е против функционален судски систем.

Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети.

Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат.

Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата.

Бадијала се прават тензии, секој што се огрешил од законот ќе одговара!

ДРЖАВEН СЕКРЕТАР ЗА КУЛТУРА ВАЛМИР АЗИРИ

Фејсбук статус

„Од Арбер, антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“.

Можеби ќе ви се допадне

Став на власт

Се е ОК

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство ...
Став на власт

НЕСЕРИОЗНО

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија ...
Став на власт

РЕАКЦИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за ...
Став на власт

НОВОГОДИШНО

Бујар Османи, министер за надворешни работи Состанокот во Тирана е новогодишна средба со цел размена ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %