Став на Костовски

РЕСПЕКТ

Најнапред, фактот што се појавуваат како независни кандидати, лица со вграден и функционален интегритет говори сам за себе дека политичките партии во Република Македонија немаат човечки ресурси кои можат да ги понудат на граѓаните.

Импозантното CV на госпоѓата Данела Арсовска и нејзиниот професионален однос во работењето во Сојузот на комори на Македонија, ми дава за право да ѝ верувам.

Сепак поддршката ќе ја добие во оној момент кога ќе нè убеди нас граѓаните дека предложената програма за нејзиниот четири годишен мандат ќе биде реален и остварлив.

Нападите коишто доаѓаат исклучиво од владејачката СДСМ се во најмала рака малициозни.

Интелектуалец од маштап на Арсовска заслужува респект.

Не ја разбирам политичката некултура за политичко и општествено етикетирање на индивидуа која има најдобра намера за своите сограѓани да биде толку силно омаловажувана и клеветена.

Ја разбирам и опозициската ВМРО-ДПМНЕ што ја поддржа нејзината кандидатура, бидејќи очигледно се свесни дека во своите партиски редови не можат да најдат кандидат кој ќе биде по мерка на граѓаните на Град Скопје.

Заклучувам дека во политичките партии во Република Македонија недостасуваат кадри со интелектуален интегритет. Зошто ваквите интелектуалци бегаат од партиските книшки? За мене е сосема разбирливо, бидејќи клеветењето, омаловажувањето на секој поединец којшто има најчесни намери од страна на таканаречените партиски лидери и нивните соработници е алатка којашто директно го погодува човечкото достоинство.

Ова е уште еден доказ дека во самите политички партии во Македонија не постои внатре-партиска демократија. Лидерот е неприкосновен султан. А, нели рибата од глава смрди? Не е ни чудно што ваков уличен вокабулар го користат токму најсилните партии од таканаречените лидери.

Апелирам до граѓаните на Македонија да не подлегнуваат на ПР машинериите на големите политички партии. Секој поединец пред да го даде својот глас нека размисли многу добро кому ќе му го даде. Не смееме да дозволиме партиските бои да бидат главниот елемент да се подржи кандидат или не. Животниот пат на секој поединец кој одлучил да се кандидира со вграденото образование во себе треба да ни биде водилка кому да му го дадеме гласот. Навиваме за Македонија. Навиваме за сите национални спортови, каде настапува Македонија. Навиваме за сите наши спортски клубови. Не треба навивање за партиите! Треба рационално и свесно да го дадеме гласот на тој што сметаме дека е најдобар избор за решавање на нашите проблеми како на локално, така и на централно ниво. Партиската заслепеност на некои мои сограѓани да ја замениме со мудрост каде што ќе го впрегнеме умот, а не симпатијата.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %