Став на Костовски

Демократија или анархија

Неможноста 40.000 наши сограѓани да ги добијат своите лични карти пред претстојниот попис и локални избори е недозволив чин за општество кон кое тежнееме.

Избраниците во парламентот од народот си поигруваат токму со тој кој ги избрал. Недозволив е чинот поради партиските препукувања да страда обичниот граѓанин. Како е можно да витални закони во државата предлагани од актуелната владејачка коалиција се носат без претходна јавна дебата. Во јавната дебата покрај политичките субјекти мора да се слушне и гласот на обичниот граѓанин. Закони од витално значење за РМ мора да се носат со консензус.

Демократијата не подразбира моја лична демократија туку демократија во интерес на целата заедница и секој поединец.

Зачудува и фактот што за народните избраници во парламентот не постои виша сила. По мене оваа состојба е виша сила. Парламентот мора да си го одработи своето, а тоа значи дека вакви какви што се предложени или видоизменети закони мора да се изгласаат со цел да се излезе во пресрет на нашите сограѓани.

Неможноста да се издадат 40.000 лични карти поради летните одмори на нашите парламентарни избраници е апсурд. Замислете поради одморите на 120 пратеници обесправени се 40.000 наши сограѓани. Што е поважно? … одморот на нашите пратеници или 40.000 граѓани без личен документ. Да биде јасно тие делуваат во парламентот преку свое име, ама во интерес на граѓаните. Ваквото поимање на политиката во Македонија е анахроно и води кон анархија.

Говорот на омраза меѓу политичките субјекти кој се одвива на лидерско ниво има несогледливи последици за целото општество бидејќи говорот на омраза се пренесува во пониските ешалони на политичките партии и меѓу нас политички неопределените граѓани во РМ. Тоа е најголемиот непријател за нашиот натамошен развој! Дијалог меѓу политичките опоненти мора да постои. Во прашање е иднината на Република Македонија, а не личните или партиски интереси.

Луѓе разбудете се!

Им се обраќам на сите политички партии, лидери, членови на партии, непартиски мои сограѓани, да престанеме да го практикуваме овој начин на демократија бидејќи антагонизмите во државата уште посилно ги рушат темелите за нашата иднина.

Мојот личен став е

Сите прашања поврзани околу имплементација на рамковниот договор, преспанскиот договор и договорот со Бугарија за добрососедски односи мора да се стават на јавна дебата во која учество ќе земаат и граѓаните кои не се политички определени. Консензус мора да постои. Црвените линии во преговорите со нашите соседи мора да се дефинираат и да нема никакви отстапувања од нив. Само така ќе пораснеме и во очите на домашната заедница и ќе го подигнеме респектот на нашата држава на меѓународно ниво.

Апелирам

Сите лидери на партии во парламентот итно да се соберат и сите жешки проблеми да ги решат со консензус. Организаторот на ваквата средба би требало да биде Претседателот на државата,. и од него очекувам да ја покрене оваа иницијатива.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %