Став на власт

ОПОЗИЦИЈАТА Е ВИНОВНА

Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на дејстиве од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање. За мене е ова флексибилност на сериозна партија, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Јегуновце.

Тој информира дека преку 40 илјади лични карти не се издадени, а се поднесени барања, некои од нив првпат.

– Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на Парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е Министерството за правда, заедно со другите надлежни ресори, да работат како да изнајдат начин, со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа, затоа што граѓаните може да гласаат и со лична карта и со пасош. Но, сите немаат пасоши, изјави Заев.

Тој изрази уверување дека за да се заокружи правото на граѓаните да гласаат ќе се изнајде решение, затоа што, како што рече, во пракса и во минатото со истечена лична карта заради неможноста да се издаде лична карта или од распишувањето на изборите кога е истечена личната карта, се даваше можност да можете и со истечен рок на важење на ваквите лични документи да се гласа.

Можеби ќе ви се допадне

Став на власт

Се е ОК

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство ...
Став на власт

НЕСЕРИОЗНО

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија ...
Став на власт

РЕАКЦИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за ...
Став на власт

НОВОГОДИШНО

Бујар Османи, министер за надворешни работи Состанокот во Тирана е новогодишна средба со цел размена ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %