Став на Костовски

ШОКАНТНО

Најавата на вицепремиерот Битиќи во текот на вчерашниот ден дека граѓаните корисници на парното греење во Скопје, на број 58.000 семејства, ќе имаат грејна сезона до предвидениот термин, односно 15 Април, за мене е шокантно и претставува хаотичен пристап во решавањето на енергетската криза како во индустријата, а уште повеќе во домовите на семејствата. Замислете господинот Бислимоски најавува, цитирам: некоја принудна управа на БЕГ, поради неможноста да испорачува топлинска енергија во домовите на Скопјани. Во превод значи дека БЕГ кое е акционерско друштво е во ликвидација. Најотворено прашувам, како е можно потпишување на договор меѓу приватна фирма и државна институција, читајте БЕГ-ЕСМ преку ТЕТО испорачател на топлинска енергија. Ова е по мене врв на непознавање на материјата и на брзоплети решенија. Енергетската криза е веќе најавувана наназад девет месеци. Недостигот на јаглен во најголемите термоелектрани РЕК Битола и Осломеј, недостигот на мазут во ТЕЦ Неготино, укажуваат на факти дека во Македонија не постои систем. Молам за објаснување што тоа во пракса значи некој вид принудна управа на БЕГ и се потпишува посебен договор меѓу БЕГ и ЕСМ? Кој ќе ја плати сметката за ова изживување?

Почитувани читатели, бев сведок кога во раните 70-ти години за време на мојот престој во Лондон при изучување на странски јазик, поради неисплатливост имаше масовно затворање, читајте банкротирање на рудници за јаглен. Што направи да го спречи овој витален сегмент од општествениот развој енергенс, одговорната Влада на Велика Британија предводена од Маргарет Тачер? Таа ги купи сите рудници и направи национализација, бидејќи не смееше да дозволи да се уништи цела индустрија за ископ на јаглен. Владата ги владееше рудниците кои работеа во полн капацитет, остваруваа профити и после неполни 15 години Владата на Велика Британија ги отуѓи рудниците на тендер, бидејќи успеа да се стабилизира пазарот на јагленот и продажната цена изнесуваше пута фактор 1500%.

Да се вратиме на релација БЕГ-ТЕТО-ЕСМ. Извираат лукративните интереси од овој вид на соработка на поединци и групи кои се директно или индиректно вмешани во овие гореспоменати правни субјекти.

Кога би постоел издржан проект за санирање на БЕГ, тогаш сум убеден дека ќе најдев разбирање за интервенцијата на Владата во приватниот сектор. Вака на овој начин мешање на приватен со државен капитал, наликува само на нечесен приод и поддршка на криминалот кој е токму во овие високи институции.

Завршувам, единствено решение е комплетно преземање на БЕГ од страна на Владата на Република Македонија или Градот Скопје.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %