Став на опозиција

БЕЗРЕДИЕ

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Секој месец нова кризна состојба со СДСМ. Откако целата измината година експертите предупредуваа за енергетска и топлинска криза, додека извесен период од БЕГ убедуваа дека греат со оптимален режим и дека континуирано испорачуваат топлина до потрошувачите, одеднаш Владата прогласи кризна состојба со снабдувањето на топлинска енергија. Граѓаните беа ставени пред свршен чин, еден ден пред исклучување. Оваа Влада на СДСМ е причина за уништениот стандард на граѓаните кои имаат недостиг на топлинска енергија и плаќаат поскапа струја.

Заради неспособноста на Владата предводена од СДСМ граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење.

Додека сите светски лидери водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, првиот човек на РКЕ Бислимовски пред само два месеци ги убедуваше граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона, тврдеше дека компаниите се подготвени.

Денес, Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија.

Неспособноста на СДСМ го доведува секое домаќинство во поголеми трошоци преку сметките за парно и струја. Неспособноста на СДСМ го отежнува секојдневието по сите основи. Катастрофалното менаџирање со кризите од страна на енергетскиот и економскиот тим на СДСМ преку Бектеши и Битиќи се гледа и низ ставот од АД Те-То Скопје, од каде што алармираа дека предложената цена од страна на владата ќе значи нивно работење со загуба и дека ова е само делумно решавање на проблемот. Дополнително, се закануваа дека ќе се одземе лиценцата на БЕГ што е уште една лага во низата лаги кажани од СДСМ.

Почитувани граѓани,

Хаварија, безредие и неизвесност е секојдневието кое го нуди СДСМ. Оваа Влада е извор на сите проблеми и по ниеден основ не може да биде решение на проблемите кои тие ги создадоа.

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %