Нов предизвик за Македонија
Посетата на косовскиот Премиер Курти на Македонија, во општините Тетово и Чаир, предизвикаа лавина во меѓуетничкиот кампус на Република Македонија.
Веењето на знамињата за голема Албанија при оваа посета, беше чин кој секој граѓанин мора да го загрижува. Веење на знаме кое ги надминува државните граници е симбол на можна војна.
Посетата на Премиерот Курти по мое размислување е пренесување на српско-косовскиот проблем на територијата на Република Македонија.
Реториката на домашните политичари и бизнис актери е националистичка која создава отворен отпор на останатите етнички заедници во Македонија.
Чувството во Македонија дека е отпочнат процес на албанизација е сè поприсутен.
Војната во 2001 година ја доживувам како пораз на македонската држава, бидејќи под притисок на меѓународната заедница седнавме на преговарачка маса со терористи и убијци. Вокабуларот на албанските политичари каде многу често се користи говорот „ги освоивме Струга и Кичево, а во поново време и Чаир“ третирајќи ги како чисто етнички албански територии. Во сето три децениско опстојување на Македонија не видов ниту една албанска партија која исклучиво ќе се залага за државата каде сите граѓани ќе бидат еднакво третирани. Во албанските партии тоа е експлицитно потенцирано, дека нив ги интересираат само правата на албанците во Република Македонија.
Се менуваат имиња на улици во албанските општини, со исклучива претенциозност да потврдат дека тоа е албанска територија и тие одлучуваат во својата општина.
Изјавата на господинот Таравари дека во албанските општини територијата припаѓа на Албанците е чин за осуда, бидејќи не нуди соживот, напротив подигнува нови ѕидови меѓу нас Македонците и етничките Албанци во Македонија.
Господинот градоначалник на Тетово Билал Касами обзнанува дека Тетово е албанска територија, пречекувајќи го Премиерот на Косово Курти со песната „Добредојдовте во Албанија“.
Македонската официјална химна денес не се пее од страна на албанската популација, а тоа експлицитно го потврди Орхан Муртезани на прес-конференција на Алтернатива, додавајќи дека нема Албанец кој ќе ја пее оваа химна.
Голобрадото момче, внук на господинот Али Ахмети Дрим Ахмети ко-сопственик на бизнис центарот Соравија во Скопје, обзнанува дека Македонија не би постоела да не бил неговиот вујко.
Не можам да ја разберам ароганцијата на албанската заедница која веќе не само во политичкиот живот туку и во секојдневието се чувствува многу силно.
Повеќе од очигледно е дека после војната во 2001 година, и после потпишувањето на Преспанскиот договор во 2017 година и во 2020 година потпишаниот договор за добрососедство со Република Бугарија, ние Македонците паднавме во очите на нашите Албанци. Почитта и респектот кој го имавме од нив е веќе минато.
Очигледно ние, Македонците сме ја изгубиле карактерната нитка на национална препознатливост во очите на нашите Албанци. Бесконечните честопати неиздржани отстапки кон албанската етничка заедница не обезличува како конститутивен народ на оваа држава.
Прашање кое се поставува е каква Македонија сакаме? Унитарноста на Република Македонија во моментов се доживува како албанизација. Фактот што косовскиот лидершип ги поддржува барањата на албанците во Република Македонија, говори сам за себе дека тие се длабоко влезени во генезата на Македонското општество.
Дали сакаме федерализација на Македонија?
По мене доколку нема друг начин како да се запре арогантниот албански национализам, тогаш тоа е дефинитивно единственото решение. Унитарноста на Република Македонија за нас Македонците ќе значи албанизација со краен ефект колонизација, а со федерализацијата ќе ги обележиме нашите огништа.
Молкот на пријателската меѓународна заедница не можам да го разберам. Нивната присутност во нашето секојдневие е очигледна, меѓутоа кога станува збор за меѓуетнички односи, посебно со Албанците имаме чувство дека албанската заедница ја има нивната наклоност.
Би сакал да грешам во овој мој заклучок. Ние Македонците сме исправени пред сериозен предизвик за нашето опстојување. Непризнавани, напаѓани од нашите соседи Бугарија и Грција и мошне силно нападнати од нашите Албанци во Македонија. Овој предизвик за мене би бил по шекспировата позната реплика „да се биде или не“.













