Став на Костовски

НЕВАЛИДЕН

Деновиве сме сведоци на меѓусебно обвинување или пак гордеење дека пописот на населението во Република Македонија е успешно или неуспешно завршен. Не се сомневам во фактот дека Заводот за статистика својата работа си ја заврши професионално. Најбитното нешто кое останува да виси во етерот, поврзано со овој попис е фактот што Македонија не успеа да се изгради како граѓанско општество и сè уште живееме во стегите на своите етнички заедници.

Пописот беше креиран и направен да покаже два битни момента: првиот дека македонската популација од попис до попис стагнира со своето учество во вкупната мапа на популација во Република Македонија и втората поента е дека постои континуитет во наталитетот на албанската популација. Токму тука го гледам вистинскиот проблем на партиите во Република Македонија. Дефинитивно партиите на власт го истуркаа спроведувањето на пописот на мускули при што најактивна популација за учество на овој попис беше токму албанската. Партиите со претежно македонски предзнак кои денес се во опозиција го бојкотираа овој попис. Резултатите се очекувани, каде недвосмислено ќе појават натамошен пад на Македонците во нивното процентуално учество како граѓани во Република Македонија.

Заклучувам: пописот не е валиден, бидејќи во самиот попис и кампањата поврзана со пописот беше пред сè со силен етнички предзнак, посебно ова важи за албанската заедница. Во 2004 година се направи територијалната поделба на општини во Република Македонија. Истата не беше направена по теркот на вистинска децентрализација, туку многу силно се потенцираше етничкиот идентитет на општината, кој јас го толкував и сè уште го толкувам како прв чекор во федерализацијата на Македонија. За жал и извршениот попис оди во прилог на мојата констатација дека процентите на застапеност на поедини националности се билда со цел остварување на некои сопствени агенди.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %