МАКЕДОНЕЦ
Господинот Каракчанов својата политичка кариера ја гради токму на нашиот посебен национален идентитет. Ова е говор на разидинување, не е говор на сплотување. Време е национализмот и говорот на омраза кои што владеат на Балканот да бидат заменети со говорот на почит и говор за градење на заедничка иднина за економски силен просперитет. Господинот Каракачанов нека не се занимава со мене- македонец. Неговиот животен позив е политика, а политиката подразбира носење на добробит и перспектива на сопствениот народ и народите со кои се опкружени.













