Став на опозиција

ПРОВОКАЦИЈА

Во отсуство на, за жал, отворена осуда од страна на опозицијата за спотот на партијата на Каракачанов, пренесуваме неколку изјави од охриѓани.

Секако дека тоа ме навредува во секој поглед. Мислам дека Владата благо реагираше, и не знам со договорот кој е потпишан дали можат да реагираат поинаку, со протестна нота. На многу луѓе ова им пречи. Единствено оние кои се декларираат како Бугари можат да не бидат испровоцирани од такво нешто…

Ако некој пред мене каже дека Охрид е бугарски град, јас секако ќе реагирам и ќе се спротивставам. Мене тоа ми пречи и јас со тоа не се согласувам, а секој не мора да се сложи со моето мислење. Мислам дека тука нема да запрат со провокации…

Сеедно не ми е, но има луѓе на кои навистина им пречат таквите провокации. Можеби требаше Владата и поостро да реагира, но пак ќе кажам за нас граѓаните, тоа е виша политика. Сметам дека тој спот е направен за политички цели, и дека понатаму нема да има такви постапки, затоа што притисокот ќе биде на нивна страна…

Тоа не е во ред, но не очекувам дека тие провокации не прекинат, и какво фајде има ако ние граѓаните реагираме, а државата молчи…

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %