Став на Костовски

ЛИЦЕМЕРИЕ

Во предвечерието на редовните парламентарни и претседателски избори македонската политичка сцена се вжештува на теми кои во основа значат „купи ден, продај ден“.

Имено, согласно Договорот од Пржино, последните 100 дена пред изборниот циклус обврзува за формирање на техничка Влада. Големите препукувања меѓу опозицијата и власта оди токму на тема околу потребата за опстанок на оваа техничка Влада, која треба да биде водена, согласно договорот СДСМ-ДУИ од технички премиер Албанец.

Се согласувам со опозицијата дека ДУИ како партија станува предмет на жестоки напади поради вмешаност во корупција и криминал во последниве неколку години. Немам јас никаков проблем технички премиер да биде Албанец, за мене најбитно е кој и каков Албанец ќе биде, и кому ќе му служи? Праксата покажа дека јавноста нема доверба во кандидатот кој ќе биде предложен од ДУИ.

Премиерот Ковачевски најави имплементирање на забелешките од ОБСЕ во следниот изборен циклус. Промената на Изборниот законик кој веќе цела деценија, мнозинството граѓани во Македонија со малите политички партии, бара да се промени, каде Македонија ќе стане една изборна единица со отворени листи на кандидати за пратеници до денеска се држи настрана од најголемите политички партии во државата, а тоа се ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

Причините за денешната политичка состојба во Македонија, која негативно се одразува во сите сфери на нашето живеење, лежи токму во Изборниот законик. Ако сака Република Македонија да тргне напред, најпрво мора да го смени Изборниот законик, бидејќи вистинскиот канцер за ваквата состојба во Република Македонија е токму тој.

Упатувам апел до сите политички субјекти вклучително до нашите пријатели ЕУ и САД да направат напори за менување на Изборниот законик кој треба да биде применет при следните претседателски и парламентарни избори. Ова е чекор од животно значење ако сакаме Република Македонија да излезе од бездната во која секојдневно тоне.

На Македонија и требаат кадри од сите сфери кои со својата чесност, знаење и искуство ќе отпочнат процес на етаблирање правна и силна економска држава.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %