Став на Костовски

Криминалот и корупцијата и натаму царуваат во Македонија

Деновиве силно во етерот одекна изјавата на амбасадорката на САД, госпоѓата Агелер, која најави обзнанување на едно до две лица од Македонија кои ќе бидат непожелни за САД поради нивното криминално и коруптивно делување.

Најавата на високиот претставник на Стејт Департментот, господинот Ескобар, дека САД сериозно ќе се зафатат да помогнат во искоренувањето на ова зло во Република Македонија, се претвори во нешто што ни е многу познато нам, граѓаните на Република Македонија, а тоа е многу ветување, а никакво или мало делување.

Едно до две лица ќе бидат ставени на црната листа на САД! Дали е тоа вистинската борба против организираниот криминал и корупција во Македонија? „Оркестрираното пеење“ од сите структури во Владата на Република Македонија дека Македонија отвора вистинска борба против организираниот криминал и корупција кое беше присутно во месеците декември, јануари и февруари, денес го обвитка со молк. Прашувам отворено, како да ја протолкуваме изјавата на амбасадорката Агелер. Сакам да појаснам, организираниот криминал и корупција не е дело на еден или двајца чинители, тоа е системски проблем кој го чувствуваме ние, граѓаните на Република Македонија. Бројката на учесници во организираниот криминал и корупција изнесува повеќе десетици илјади наши сограѓани. Дали повторно на сцената од реалниот живот во Република Македонија победи организираниот криминал и корупција? По се изгледа, така е!

Зачудува реакцијата на првата импресија на претседателката на Државната комисија за спречување корупција госпоѓата Билјана Ивановска која вчера на дебатната емисија на ТВ Алфа „За или против“ покажува детска љубопитност за имињата, говориме едно до две, кои ќе се најдат на црната листа на САД. Дали госпоѓата е свесна дека таа е првиот човек во вистинската борба против организираниот криминал и корупција? Република Македонија сè уште е самостојна држава, меѓутоа функционира како типичен протекторат каде водечките амбасади на нашите партнери ја детерминираат нашата судбина. Јавноста во Македонија мора да знае дека местото и улогата на амбасадите во Македонија првенствено е да ги штитат интересите на сопствените држави и да помогнат до степен во којшто треба да се креира заеднички напредок во развојот на нашите земји.

Од нас граѓаните на Република Македонија зависи дали ќе ставиме вистински крај на ова општествено зло или понатака ќе се предадеме на судбината да бидеме како земја и граѓани комплетно дискредитирани од модерниот свет како неподобни и несакани партнери во идната можна заедница.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %