Став на Костовски

СОРАБОТКА

Зачудува фактот што господинот Бектеши, министерот за економија во Владата на Ковачевски се врзува за изјави дадени прд 6 месеци од госпоѓа Арсовска, актуелна градоначалничка на Град Скопје, за кој период светот се изврте удолу предизвикан од руско-украинската војна и енергетската криза.

Господине Бектеши би било многу поупатно да се посветите на вашите проблеми во економијата, бидејќи ништо розово не се пишува на економски план во периодот кој што доаѓа пред нас. Направете си само-анализа на вас и вашата Влада. Буџет имате годишен од 4,7 милијарди евра како Влада на РМ за оваа година, граѓаните се дават во сиромаштија, а вие со невидена жестина се нафрлувате на изјавата дадена од госпоѓата Арсовска веднаш по стапување на функцијата градоначалник на Град Скопје. Вие, господине Бектеши дупките во буџетот на Владата ги пополнувате со позајмици од странство што во основа значи имате механизам како да функционирате. Овие позајмици кои вие ги правите во наше име, ние, граѓаните треба да ги отплатиме.

Госпоѓата Арсовска има годишен буџет од 70 милиони евра и 160 милиони евра долг неплатени обврски, наследено од претходните градоначалници Шилегов и Трајановски. Ако имате добри намери кон граѓаните на град Скопје, треба да подадете рака на градоначалничката Арсовска и да понудите соработка со цел да се надминат енергетските проблеми кои ќе се појават како реалност меѓу нас граѓаните, а уште подоблесно ќе биде, доколку го убедите вашиот премиер да процесот на децентрализација час поскоро се забрза со што ќе се овозможи поголема независност и функционалност на Локалната самоуправа. Убеден сум дека и вам ви е јасно дека централната и локалната власт мора да соработуваат, ама не во интерес на партиите, туку во интерес на граѓаните. Убеден сум уште повеќе дека ви е јасно дека високо децентрализираните земји се денеска најсилните економски гиганти во светот. Дозволете да пренесете дел од вашите ингеренции и приходи од централно на локално ниво. На овој начин ние, граѓаните ќе имаме поголема можност да имаме увид како се користат нашите средства.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %