Став на Костовски

БУМЕРАНГ

Сведоци сме дека со поскапувањето на енергенсите, животот за секој поединец станува многу поскап. Во многу близок период ќе дојде до уште поголемо поскапување на сите продукти кои се од интерес на граѓаните, бидејќи не можеме да го предвидиме текот и растењето на цените на енергенсите, а тоа значи инфлација. На мускули донесениот закон за минимална плата од 18.000 денари денеска се враќа како бумеранг на владејачката СДСМ. Евидентно е дека стандардот на граѓаните паѓа и ќе паѓа. Од друга страна, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инсистира на зголемување од 20% на платите на наставници и стручни соработници во образованието. Ја поддржувам оваа иницијатива бидејќи навистина вреднувањето на трудот на оваа фела на администрација е потценето.

Препукувањето меѓу власта и опозицијата го доживувам како фрлање прашина во очи на нас, граѓаните, со цел нивно додворување пред нас гласачите на предвремените парламентарни избори кои по сила на многу фактори мора да се реализираат оваа година. Најжалното што можам да го споделам со јавноста е фактот дека ниту власта, ниту партиите во опозиција не нудат концепт за економски и стопански развој. Без вистински стопански развој, сите лични доходи на работниците, администрацијата и вклучително наставниците и советниците во образованието се неостварливи, бидејќи немаме база од каде ќе црпиме средства за ваквите покачувања. Македонија веќе две децении живее и функционира на кредит. Прашувам до кога ќе се практикува овој начин на живеење? Го повторувам веќе многупати искажаниот став, сите проблеми кои се појавуваат во нашиот реален живот се од некомпетентни влади и луѓе на позиции, а генезата лежи токму во Изборниот законик. Генератор на сите аномалии во системот е Изборниот законик. Една Изборна единица и слободни листи.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %