БИЗНИС ?!
Трагедија што ја доживеаја тетовчани со пожарот во модуларната болница е навистина загрижувачка.
Овој пожар однесе 14 невини жртви и многу повредени.
Министерот за здравство мора да спроведе комплетна истрага за оваа модуларна болница, бидејќи како што наведува МИА на 15 април оваа година, актуелниот директор на болницата уште на 15 април при нејзината изградба укажувал на некои недоследности во самата изградба.
Многу е тешко да разбереме ние граѓаните во тукушто поставена модуларна болница да избие пожар со катастрофални последици.
Модуларните болници станаа голем бизнис во Македонија.
Невозможно е да нема спрега меѓу Владата на Заев, со својот бивш вицепремиер Анѓушев кој е воедно е сопственик и производител на овие модуларни болници.
Повторувам: Бизнис може да има, но не бизнис по секоја цена, со човечки и материјални жртви.













