БЕЛА ЧУМА
Статистичките податоци кои се официјални за 2020 година недвосмислено упатуваат на поразителни факти каде бројот на починати е за 25% повисок од бројот на новороденчиња. Дали е време да се разбудиме. Масовното заминување на младата популација која е истовремено и носител на репродуктивен потенцијал за создавање на нови поколенија мора да го сопреме. Владата мора да подготви комплетен предлог мерки со коишто на младите ќе им ја гарантира иднината, сигурноста и нивниот натамошен развој. По заразна болест во секое општество од белата чума нема. Вирусот како Ковид-19 и сличните на него ќе ги победиме со вакцини, меѓутоа вирусот на белата куга е нешто што треба да биде длабоко обмислено. Мораме да ги убедиме нашите сограѓанин да останат тука на сопственото огниште, тука да ги создаваат своите семејства и да ја градат својата иднина. Се попразните градинки, училишта и универзитети се индикатор дека ова зло доколку не преземеме мерки ќе биде уште посилно. Каде ни е иднината. Дали сакаме Македонија да ја претвориме во држава на стари лица и пензионери.













