Луѓе

Љубовта кон уметноста едноставно секогаш постоела

B_creative_station е уметничкото Инста – катче на Билјана Ивановска каде што можете да се запознаете со уметничките апстракции на плато изработени само за вас!

Биљана,што си по професија и од кога се занимаваш со уметноста?
По професија сум дипломиран воспитувач за предучилишно образование,а љубовта кон уметноста едноставно секогаш постоела…А вистинска желба да се посветам посериозно на уметноста се појави по завршување на дипломските студии,па така се што знам научив сама, благодарение на желбата за истражување,љубопитноста и мотивацијата за учење нови техники.

Која техника на цртање ја користиш?
Се започна со желбата и интересот за цртање на портрети со молив и портретите ми се љубов и ден денес.Но,имав огромна желба и за акрил на платно и сосема се пронајдов себеси,особено во апстракциите како и “acrylic pouring” техниката,односно акрилно полевање со кое се создаваат буквално магични уметнички слики.

Од што најчесто добиваш инспирација?
Можам да кажам дека со голема леснотија успевам да најдам инспирација,и е буквално насекаде околу мене,во секојдневието,боите и природата,во мене,емоциите и едноставно во инстинктот за создавање на убавото.

Имаат ли клиентите “невозможни барања”?
Напротив,сите барања и желби на клиентите ги доживувам како уште поголема мотивација за исполнување и надминување на нивните очекувања.

Колку се цени уметноста во Македонија?
Искрено,сакам да верувам дека лиѓето во Македонија ја сакаат и умеат да ја восприемаат уметноста,и сметам дека секој дом треба да е надополнет со барем едно парче уметност кое ќе биде во хармонија со енергијата на домот и луѓето во него.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %