Луѓе

Нешто кое ме прави многу горд е “WOW” реакцијата на луѓето кои ќе ги погледнат моите дела во живо

Накит за вашите ѕидови! Звучи невозможно? За вештите раце на Александар Петрушевски нема невозможно! Доколку сакате вашиот дом да добие уникатен печат, тогаш „ARTIMUS“ е вистинската опција за Вас.

Александар, што си по професија и како дојде до идејата за создавање на „ARTIMUS“?

Здраво, низ текот на годините постојано сме во потрага да го извлечеме најдоброто од себеси па така и јас како човек кој не се пронајде во областа на медицината (како физиотерапевт) и во областа на природните науки (како биолог), сакав да го развијам талентот за цртање кој постоел во мене од најрана возраст, бидејќи со тоа се раѓаме. Мислам дека беше вистинско време да ја изразам креативната страна и потенцијал и искрено не ми беше толку важен успехот колку среќата во моите очи додека творам бидејќи воедно професионално и успешно се занимавам и со административна работа која од друга страна интелектуално ме исполнува.

Почетоците на АРТИМУС

Идејата за “ARTIMUS” започна да постои сосема спонтано уште од 2020 та година кога почнав да го уредувам домот и сакав да создадам нешто уникатно на ѕидот во спалната соба. Па така тоа прво дело создадено директно на зид со комбинирани техники создаде воодушевувачки реакции кај оние кои го видоа и тука се јави тој дополнителен мотив на охрабрување. Сето тоа првично започна како едно хоби кое ми го исполнуваше слободното време и ми беше еден вид “терапија” која течеше низ моите вени во форма на позитивна енергија.

Како би ја опишал својата уметност?

Моите слики бараат огромна концентрација, прецизност, истрајност, смиреност и најмногу креативност. Нешто кое ме прави многу горд е “WOW” реакцијата на луѓето кои ќе ги погледнат моите дела во живо, мислам дека тоа дефинитивно најдобро го опишува мојот труд, но бидејќи сум прилично самокритичен, секогаш мислам дека може подобро, поубаво… Она што ги прави моите слики посебни е тоа што дури и со затворени очи и еден допир низ сликаркото платно може да се почувствува и препознае делото.

Како изгледа процесот на изработка на едно платно?

Најпрвин се раѓа идејата (обично веднаш запишувам некаде, бидејќи кај мене се раѓаат повеќе идеи одеднаш), потоа го подготвувам платното за работа, користам 100% памучно платно на квалитетна дрвена рамка изработена од смрека, потоа одбирам бои (акрилни бои и паста за моделирање) и започнувам со творештвото. Процесот на една слика трае по 4-5 дена, понекогаш и повеќе од недела дена бидејќи се занимавам со текстурирана уметност во која внесувам и накитни елементи како огледало, стакло, бисери, метални листови, светки и монистра.

Имаат ли клиентите невозможни барања?

Бидејќи сум на прагот на својот почеток до сега клиентите немале невозможни барања, обично барале реплики на веќе објавените дела во помали или поголеми димензии, што исто така ме прави многу среќен и доволно ми дава до знаење дека им се допаѓал токму мојот стил и правец на уметност.

Дали во Македонија доволно се цени рачната изработка?

Уметноста за мене претставува начин на изразување преку одредени дејствија, мојот “глас” преку сликарско платно – е нешто кое прави да се чувствувам живо и присутно во мојот и животот на останатите. Па оттука сфаќам дека рачната изработка конкретно во мојот случај се цени сѐ повеќе бидејќи оние кои можат да препознаат колку труд и љубов е вложено во една слика го почитуваат мојот “глас”, едноставно порачуваат слика заедно со целата нејзина автентичност, онаквава каква што е, без да бараат да биде нешто сосема друго.

Исто важно е да се знае дека човек кога се занимава со сликарството освен творештвото мора и постојано да вложува, материјалот за сликање е прилично скап, но и покрај тоа цените на сликите кои би биле објавени во иднина би биле со разумни/пристапни цени, бидејќи лично за мене нема поголема среќа од задоволен клиент кој одбрал “ARTIMUS” за неговиот ѕид.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %