Има луѓе кои мислат дека ова е кинески пазар и дека треба сите прозиводи да бидат исти
Handmade.designmk е дефинитивно светско а наше! Од апстрактни фигури преку човечки акти до веќе познати форми, Ане Димовска креира навистина уникатни украси за вашиот дом кои нема да останат незабележани!
Ане, што си по професија и како дојде до идејата за Handmade.designmk?
-Ти благодарам за убавите зборови,по професија сум web developer кој сеуште нема своја web страна за својот бизнис :). Со две мали деца и полно работно време успевам само да го одржам своето хоби воедно и бизнис па за веб страна не останаува време иако е многу барана од моите клиенти.
Идејата дојде пред 4 години пред корона време кога бев со едно бебче дома, додека работев за проект поврзан со рачна изработка сличен на мојата, навлегов подлабоко во темата и решив да пробам и јас,па така од саксија за мене со која се пофалив на една фејсбук страна што сум направила па потоа почнаа сите да ми пишуваат за нарачка. Ете така спонтанто од една саксија стигнавме до бројка од 100+ различни производи и инстграм страна од 6000 следбеници која мислам дека е најголема на инстаграм со овој тип на изработка.
Како изгледа процесот на изработка на еден украс и што се е дел од твојот асиртиман?
-Откако ќе ги набавите потребните производи за изработка на производите надвор од МК,смесата за производите и силиконските калапи кои најчесто ги порачувам од Германија/Грција па преку шофери ми ги носат овде почнува изработката.
Процесот е долг и за еден производ е потребно 3 4 часа да стои во калап,па потоа да се суши и премачкува се додека не е е комплетно сув па да може да се испорача.
Моментално спремам курс за ова ќе трае два дена и во тие 48ч ќе направиме производи кои потоа ќе бидат донирани на базарот за Црвен Крст. Повеќе инфо околку ова на мојот инста профил крај на април.
Почнав со една сакасија триаголник која воедно е и моето лого па стигнав до еден куп вазни,свеќници,вазни со епрувети,држачи за миризливи стапчиња,тацни украсни и декоративни,држачи за слики и пораки кои се многу актуелни за свадби родендени и крштевки,абстрактни фигури,секој декември имаме Новогодишен асортиман и секој Велигден имаме Велигденски декор уникатен на кој може да се пишуваат и имиња и да бидат подароците персонализирани.
Каде најчесто ја наоѓаш инспирацијата?
-Инспирацијата ја наоѓам во странските изработувачи на рачна изработка и во желбите на клиентите.Сите имаат различни идеи и желби па согласни моите можности се трдудам да им одговорам на сите,без разлика дали станува збор за измени во модел или боја која ја немам понудено.
Се цени ли во Македонија доволно рачната изработка?
-Има луѓе кои ја ценат и знаат што е рачна изработка и плаќаат за неа односно знаат што очекуваат.
Но има луѓе кои мислат дека ова е кинески пазар и дека треба сите прозиводи да бидат исти како да се штампани од машина не знаат или не разбираат дека ова е рачна изработка и дека секој еден производ е правен рачно.
Кои се твоите планови за во иднина?
-Плановите се големи меѓутоа ќе видеме како ќе ги реализраме,сакам да отворам своја продавница каде ќе бидат изложени сите модели во различни бои па клиентите сами да ги комбинираат своите сетови.Бидејќи имам премногу производи кои може да се комбинираат и клиентите да си одберат сетови бидејќи купувајќи сетови се заштедува добра сума на пари.
Нови модели планирам да вадам секој месец два,и веќе клиентите може да очекуваат за многу брзо моментално спремам залиха па ќе објавам 2 нови врвни производи. Stay Tuned.






















