Скопје

Гала филмска вечер по повод Месецот на франкофонијата

По повод Месецот на франкофонијата, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија вечер во кино „Милениум“ организраат гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време“.

Настанот, поддржан од МКЦ и Зегин, ќе го отворат францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и амбасадорката на Швјцарија во Скопје Вероник Хулман.

Филмот „Со полно работно време“ е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами, Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција – за најдобар режисер и за најдобра актерка, две награди Цезар 2023 – за најдобра монтажа и за најдобра музика.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %