Став на власт

ОДЛОЖУВАЊЕ?

СДСМ повотрно смени мислење и сега е согласен датумот на локалните избори да биде 17 октомври, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, ако за тоа се договорат сите партии. Ова го тврди премиерот Зоран Заев, откако во средата опозициската партија се спротивстави на неговата идеја изборите да се одржат на 31 октомври и инсистраше терминот за нивно одржување да биде 17 октомври.

Заев претходно најави дека ќе бара согласност од партиите локалните избори во државата да се одржат на 31 октомври годинава, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот. Ова практично би значело одложување на изборите со оглед на тоа што претседателот на Собранието Талат Џафери претходно најави дека според Уставот изборите би требало да се одржат на 17 октомври.

-Имаме причина за одложување на изборите, а тоа секако е пописот кој ќе се спроведува во септември, и не сакаме кампањата да се поклопи со него, и секако причината е пандемијата за одлагањето. Така што ако не се промени тоа со закон изброрите треба да бидат до 17 октомври, и ќе имаме поклопување на кампањата со Пописот. Предлогот доминанатно од партиите е да биде 31 октомври, ако се согласат и тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, изјави Заев.

Можеби ќе ви се допадне

Став на власт

Се е ОК

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство ...
Став на власт

НЕСЕРИОЗНО

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија ...
Став на власт

РЕАКЦИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за ...
Став на власт

НОВОГОДИШНО

Бујар Османи, министер за надворешни работи Состанокот во Тирана е новогодишна средба со цел размена ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %