Скопје

Неподнослива смрдеа во Аеродром

Здружението за заштита на животни и животна средина ЕДЕН објави пост на скопјанец кој тврди дека „веќе втор ден има неподнослива смрдеа во Аеродром“.

„Веќе втор ден има неподнослива смрдеа во Аеродром, и пред пола час отидов во потрага по трујачот. Како се доближував до Топлификација смрдеата беше сè поголема, а котлите пуштени на најјако. Вртам во Државен инспекторат за животна средина, нормално никој не се јавува. Вртам на Министерство за внатрешни работи и ми исклучија телефон кога кажав дека сакам да пријавам загадување !!

Им вртев пак, не креваа слушалка !!

Дали можеби Топлификација гори од мазутот што не е мазут туку отпадно улје ?

Каде треба да пријавиме кога трујачи си играат со нашите животи ?“ стои во постот на Марјан Калевски кој го пренесува ЕДЕН.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %