РЕАКЦИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент.
Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава.
Потсетување:
Бугарскиот европратеник Џамбаски на социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.
– Што претставува за нас една таква забрана. Да му порачам на Стево пендаровски наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРо во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, Ако се обидат да ни забранат влез во Македонија, нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски.


















