ХРИСТИЈАН ПЕНДИКОВ – ИСКРА НА НОВО ЖАРИШТЕ
Жално е што мора да констатираме дека односите со соседна Бугарија влегуваат во нова фаза на уште посериозни недоразбирања меѓу нашите две држави.
МВР мора да даде точен одговор кој бил поводот за тепачката во Охрид во која господинот Христијан Пендиков е тешко претепан. Изненадува фактот што уште за овој неразјаснет случај на кафанска тепачка се вклучија двете министерства за надворешни работи.
За мене е неприфатлива заедничката посета на министрите Османи и Милков на претепаниот Христијан Пендиков во Софија. Изјавата на господинот Милков, министер за надворешни работи на Република Бугарија е несериозна, бидејќи не почива на факти. Изјавата на господинот Бујар Османи, Министер за надворешни работи на Република Македонија ја оценувам како коректна и изразувам благодарност што за прв пат во неговиот мандат како министер за надворешни работи застана во одбрана на нашиот македонски национален идентитет, осудувајќи ги политичарите од соседна Бугарија за нивното учество во подигањето на тензиите меѓу нас, Македонците и Република Бугарија.
Изјавите на Џамбаски и Костадинов при нивната посета на Скопје по повод панехида за нашата Мара Бунева е чин кој што треба да се осуди и да не се дозволи да истиот се повтори.
Упатувам порака до политичкиот врв на Република Бугарија да престане со долевање на масло на веќе многу распламнетиот оган меѓу нашите две држави. Соседи сме и мораме да изнајдеме начин заеднички да живееме на овие простори.
Чин кој што треба да биде осуден.













