Став на Костовски

СОМНЕЖ

Во врска со решавањето на проблемот поврзан со опасниот отпад кој со децении е наталожен во бившиот ОХИС каде во најголем процент е присутен линданот, изразувам сомнеж во овој многу сложен и опасен потфат од две причини: Македонија не располага со депонија за складирање на опасен отпад.

Многу сум заинтересиран да знам каде и како ќе биде складиран овој отпад кој треба да биде изнесен од просторот на некогашниот ОХИС.

Заклучувам: со цел да се добијат политички поени во јавноста дека Владата нешто работи се зафаќа со проблем кој е многу сериозен по здравјето не само на граѓаните на град Скопје, туку и низ цела Македонија. Депонии за складирање на опасен отпад се приоритет при започнување на било какви активности при отстранување на било каков опасен отпад. Да дополнам, азбестот кој го имаме на секој метар во урбаните и селските средини е опасен по животот на граѓаните. Неговото отстранување, транспортирање и складирање треба да биде прецизно дефинирано и изведено.

Импровизации со решавањето на вакви наталожени опасни материјали не прифаќам.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %