Став на опозиција

КОНЕЧНО

Скопско Ехо

Конечно датум кога ќе почне чистењето на опасниот линдан од Охис

Следната недела започнува чистењето на линданот од малата депонија во округот на поранешната фабрика Охис. Со цел процесот да се одвива безбедно и опасната материја да не се разнесува преку воздухот, поставен е шатор од каде преку вакум ќе се вади линданот и контаминираната земја.

Чистењето на линданот од малата депонија ќе чини околу 9 милиони евра, а дел од трошокот го покрива Европската Унија. Од тука, во специјални контејнери опасниот пестицид линдан и контаминираната земја ќе се транспортираат до Франција и Холандија.

Подготовката за почетк на овој процес започна лани во јули и беше најавено дека чистењето ќе трае една година.

Илјадници тони токсичен отпад се депонирани во дворот на ОХИС, остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се правел во фабриката. Меѓу токсичните супстанци, има и значителни остатоци линдан, кој од 2009-та е забранет за производство. Речиси една деценија подоцна, Македонија се уште бара начин како најбезболно да ја затвори оваа отворена рана.

Линданот е пестицид, кој порано се користел во земјоделството. Белиот прашок служел како инсектицид, а со неговото одвојување од другите соединенија се создала огромна количина токсичен отпад кој се депонирал  на отворено.

Иако затрупани, смртоносните супстанции во ОХИС се сметаат за најжешка еколошка точка во Македонија.

Земјата со која е покриен отпадот, не претставува никаква заштита, туку напротив се контаминирала од отровите и така се создала уште поголема  маса од четириесет илјади тони опасни супстанци кои со децении се оставени на отворено. Со текот на времето бетонските базени распукале, па со линдан се контаминирале и подземните води.

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %