Секојдневно ја подигнуваме свеста за тоа колку уметноста треба да се цени
Ивана и Ивона создаваат уникатни апстракции на платно кои совршено ќе се вклопат во вашиот дом. Нивните уметнички дела се вистинска експлозија на креативност и бои кои на вашиот дом ќе му дадат префинета естетска димензија!
Што сте по професија и како дојдовте до идејата за iv.s.arts__ ?
Двете имаме избрано професија каде креативноста не спојува.
Ивана е прогремер, работи на дизајн на веб страни, а јас сум дизајнер за внатрешно уредување во најпознатото студио во Тетово Simoski Interiors.
Идејата за Iv.s.arts се појави за време на студирањето, имав предмети поврзани со техники на цртање и уметност во кој уживав во секој момент и знаев дека еден ден мојата креативност и слобода на изразување ќе прераснат во бренд.
Како доаѓате до инспирација за вашите апстрактни уметнички дела?
Инспирацијата произлегува пред се од самиот ентериер, поточно од местото каде нашето уметничко дело ќе биде поставено. Се инпирираме од стилот, боите и формите кои преовладуваат во истиот.
Колку време е потребно за изработка на една слика?
Време за целосна изработка на една слика во принцип од 8-10 дена.
Имаат ли клиентите понекогаш „невозможни“ барања?
Секако дека да. Имаме клиенти што се неодлучни во однос на самата комбинации на бои, па сакаат да си поиграме со боите, но секако секогаш со факти им објаснуваме како дизајнери што е подобро за нив.
Се цени ли во Македонија доволно уметноста и рачната изработка воопшто?
Не доволно се цени, но ние сме сигурни во нашата амбиција и квалитет и секојдневно ја подигнуваме свеста за тоа колку уметноста треба да се цени.
























