РЕШЕНИЈАТА НА КОВАЧЕВСКИ БРУКА ЗА МАКЕДОНИЈА
Евидентно за господинот Ковачевски, актуелен премиер во Владата на Република Македонија, проблемите кои се негова секојдневна обврска, согласно неговите изјави ќе ги решаваат други држави и други центри на моќ.
Одговарајќи на новинарско прашање за справување со организираниот криминал и корупција, за време на посетата на високиот претставник на Стејт Департментот, господинот Шоле, тој изјавува дека нашиот стратешки партнер САД има искуство во борбата против организираниот криминал и корупција и дека тие ќе ни го решат ова општествено зло.
Следниот ден исто така на новинарско прашање, како да се справиме со уличните кучиња кои ги напаѓаат граѓаните, тој изјавува дека ова прашање ќе го реши Брисел, ставајќи ги своите фондови во функција за решавање на проблемот со бездомните кучиња.
Со овие две изјави господинот Ковачевски покажува тотално непознавање на својата функција, Премиер на држава.
Апсурд без преседан.













