Став на Костовски

РЕАЛИЗАЦИЈА

Во врска со пакетот мерки кој го предлага Владата на Република Македонија за справување со енергетската криза, првенствено во испорака на електрична и топлинска енергија е за поздравување. Ваквите мерки требаше да бидат донесени минимум три месеци порано за да може навремено да се планира сиот стопански и општествен живот.

Предложените мерки очекувам да бидат во потполност реализирани, само со една цел добробит на граѓаните на Република Македонија.

Политичкото препукување помеѓу СДСМ и ВМРО, чија била идејата на овој пакет мерки во овој момент е помалку битна. Упатувам на синергија меѓу власт и опозиција во справувањето со овој суштински проблем за граѓаните на Македонија во периодот кој претстои есен-зима. По корисно е да постои дијалог меѓу власт и опозиција, отколку меѓупартиски обвинувања. Нема место за импровизација. Периодот кој доаѓа пред нас е мошне сериозен и треба навистина посветеност на сите партии во Република Македонија од власт и опозиција да се вклучат во надминувањето на проблемите во периодот кој претстои пред нас.

Евидентно е дека немаме индикации колку долго ќе трае оваа енергетска криза и во кој правец ќе се движи. Токму оваа неизвесност треба да биде главниот иницијатор за комуникација меѓу партиите на власт и опозиција.

Со меѓусебни обвинувања само долеваат масло на и така влошената социјална положба на граѓаните во Република Македонија. Разумот треба да надвладее. Суетноста и нарцисоидноста која ја покажуваат врвните политички играчи во Република Македонија може да биде кобна по нас граѓаните.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %