Став на Костовски

ПРЕРАНО

Најнапред, ја поздравувам желбата за правење на повеќе пешачки зони низ централниот дел на Град Скопје, меѓутоа сметам дека оваа идеја е преуранета. Причините за овој мој став се следни:
1. Отворање на јавна дебата меѓу граѓаните на Скопје со цел да се слушне и нивниот став за креирање на вакви пешачки зони.
2. Не ја гледам инфраструктурата која ќе биде сервис на граѓаните за креирање на вакви големи пешачки зони при толку оскудни јавни превозни можности. Ова го потцртувам бидејќи Градот Скопје функционира како милионски град и незамисливо е во модерните урбани средини да постои само еден вид на јавен превоз. Најавениот пневматски трамвај е сè уште во зародиш и сè уште не ми е јасно зошто финалниот проект за првата делница за отпочнување на изградба на трамвај на делница Лисиче-Центар-Лисиче кој беше готов уште 2008 година не е земен предвид иако за овој проект беа потрошени 1,5 милиони евра, пари на граѓаните. Трасата за оваа делница сè уште е слободна. Треба еднаш да се зафатиме и прејдеме од зборови на дела.
Верувам дека Господинот Шилегов е длабоко навлезен во генезата на вистинските проблеми на Град Скопје и затоа му советувам да им нуди на граѓаните тоа што може да го реализира и инсистирам за сите капитални инвестиции во градот да отвори јавни дебати. Градот мора да го градиме по желба на граѓаните. Зошто Господинот Шилегов не размисли за идејата мини хибридни автобуси или вовчиња во склоп на ЈСП а ќе бидат исклучиво наменети за превоз на граѓаните во слободните пешачки зони. Ова е само идеја, не е скапа, треба анализа и секако проект.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %