Став на Костовски

ОСУДА

На база добиената информација за вмешаност на вработен во Агенцијата за национална безбедност-АНБ кој извршил изнуда на стопанственик e чин кој треба да се осуди и да се уништи во корен.

Прогледувањето низ прсти на криминогени структури кои се длабоко влезени во самите партии, а преку партиите дали се на власт или во опозиција и во институциите на државата е рак-рана за градење на вистинско, напредно, модерно општество. Компромис со оваа девијантна појава не смее ниту да се помисли да се прави, а не пак да се практикува. Токму ваквите криминални структури направија Република Македонија да биде третирана како држава во која што царува криминалот и корупцијата.

Плевелот се чисти во нивите од корен. Токму оваа синтагма треба да ја практикуваме и во нашето секојдневие. Нулта толеранција за криминал и корупција. Дали можеме да си ветиме меѓу себе дека ќе опстоиме во оваа наша солидарна и хумана цел. Многу е битно и придонесот на секој поединец во сузбивањето на оваа девијантна појава.

Казните мора да бидат драконски, бидејќи тоа е единствениот начин да се стави крај на оваа толку силна девијантна појава во нашето секојдневие.

На потег е Владата на Република Македонија, МВР, Обвинителството и судството.

Да прејдеме од празни ветувања во вистинска борба против ова зло.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %