Став на Костовски

НОВА

Почитувани пријатели,

Многу е упатно да луѓе кои држат до себе и своето најблиско семејство, пријатели и блиски да на крајот од календарската година, направат резиме на нештата кои ни се случувале во годината која што минала. Радости, таги, предизвици и секако да извлечеме поуки како да се спремиме за годината која што доаѓа. Моето резиме кое ќе се потрудам да го обликувам во форма прифатлива за вас, а секако и за мене ќе се сведе на неколку суштински работи кои што се поврзани со нашиот секојдневен живот, со нашата реалност и нашата иднина.

Како наследство од 2020 година продолжив со мојата приватна истрага трагајќи по причините за стечајот на Еуростандард банка. Споредбено со денес, кон крајот на оваа година, контурите за овој криминоген чин се помалку или повеќе јасни, меѓутоа го чекам официјалниот извештај кој треба да го добијам во првиот квартал на 2022 година. Мојата конзистентност за расчистување на овој безумен чин продолжува. Виновниците, доколку имаме правда и судство треба да одговараат. Мојата совест налага да овој проект го затворам. Ќе се трудам лицата вмешани во овој скандал да ја добијат заслужената казна.

Ковидот-19 и натаму ја тресе целата планета Земја со негова мутација и чувствувам дека полека но сигурно животот на Планетата Земја и слободите кои ги имавме во нашето секојдневие се сè повеќе ограничени. Би сакал да го вратиме стариот начин на живеење и комуникација меѓу нас, луѓето. Науката треба да ја покаже својата способност да се справи со овој опасен вирус со можните мутации.

На политички план Македонија го допре дното. Изрезилувањето на нас, Македонците пред Бугарската јавност и медиуми на бившиот Премиер Заев е срам кој тешко можеме да го испереме. Со неговото заминување од политичката сцена, очекувам дека цела Македонија ќе има интерес. Нерешените меѓусоседски односи со Република Бугарија остануваат и натаму предизвик со кој што ние, Македонците мораме да се справиме.

Локалните избори успешно се завршија во кои што граѓаните на Република Македонија недвосмислено ја поддржаа опозицијата, навестувајќи дека не се задоволни од владеењето на СДСМ на локално и централно ниво.

Со цел да се обезбеди какво-такво владеење на владејачката СДСМ, таа на најбезобразен начин, отвори берза во Собранието на РМ каде отворено и очигледно купуваше парламентарно мнозинство. За мене тоа е срам. Предвремени парламентарни избори во Република Македонија ни се потребни како насушен леб. Мора да се слушне желбата на граѓанинот, а не да дозволиме да се реализираат желбите на така наречените лидери со купување на пратеници, ама замислете, со наши народни пари.

Сведоци сме на енергетската криза која длабоко го загрозува и така лошиот стандард меѓу нас, граѓаните на Република Македонија. Впрочем ние сме држава во која што последиците ние ги доживуваме како виша сила, бидејќи во изминативе 3 децении немавме сериозни влади кои вистински ќе работат во интерес на нас, граѓаните на Република Македонија и државата Република Македонија.

Почитувани пријатели, на крајот дозволете ми да ви се заблагодарам што ми дозволивте да се дружам со вас, споделувајќи ставови, идеи поврзани со нашето секојдневие и иднина на нашите поколенија. Некој ќе помислат дека можеби сум бил ригорозен во поглед на моите ставови, мислења и предлози. Сакам отворена критика и доколку грешам и грешно сум заклучил, верувајте ми ќе се извинам. Нашата комуникација сакам во следната 2022 година да биде посилна и подлабока каде ќе разменуваме идеи и ставови само со една цел, подобра иднина за нас и нашите поколенија.

Нека ви е честита Новата 2022 година со желба за здравје, среќа, љубов и бериќет.

Да заклучам: само со меѓусебна почит и респект можеме да создадеме вистинско општество кое ќе го сочинуваме токму ние, граѓаните на оваа држава и ќе можеме да ги искажеме нашите очекувања од политичките елити кои се денес на сцената на Република Македонија. Ние граѓаните на Република Македонија сакаме иднина за нас и нашите поколенија, а на најсилните личности да им ја подариме оваа палка да ја водат Република Македонија.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %