Став на Костовски

ЗАДОВОЛСТВО

Изразувам задоволство што дефинитивно Владата предводена од Ковачевски прифати средба со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од господинот Мицкоски, на која основната тема беше справување со енергетската криза во периодот кој е пред нас. Со внимание ги читав посебните изјави дадени од Ковачевски и Мицкоски врзани за оваа двочасовна средба. Евидентно е дека господинот Мицкоски во материјата поврзана со енергетиката владее суверено. Говорејќи во интерес на граѓаните, сметам дека е неопходно да овие разговори меѓу Влада и опозиција продолжат.

Посебните изјави објавени во етерот од Ковачевски и Мицковски укажуваат на фактот дека оваа средба се одржала сега и нема да се повтори. Владата останува на своите мерки и ставови, додека опозицијата, по мене нуди многу реални решенија. Македонија се наоѓа пред вистински земјотрес. Недостигот на енергенси во државата е евидентен. Цените на енергенсите на светскиот пазар растат вртоглаво. Заклучувам: средбите меѓу власта и опозиција мора да продолжат на дневно ниво. Предлагам во рамките на Владата на Република Македонија да се направи посебно тело составено од експерти од енергетиката и стопанството во кое би учествувале сите политички партии кои денес се во Собранието на Република Македонија. Меѓупартискиот анимозитет и нетрпеливост меѓу власта и опозиција треба да се отфрлат.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %