Став на Костовски

Влада без компас

Изминативе две седмици во јавноста одекнаа многу жешки теми од кои ќе издвојам три, а тоа се:

  1. Носење на Законот за амнестија на криминал и корупција во Собранието на РМ, читајте Казнен закон.
  2. Адаптирање на спортската сала Борис Трајковски за потребите на нашиот светски министер за надворешни работи Бујар Османи, кој со народни пари прави чалам од невидени размери, и
  3. Аферата со тргување на цитостатици на клиниката Онкологија при Клиничкиот центар во Скопје.

Најнапред со носење на Казнениот закон, кој значи амнестија на сторителите на криминал и корупција, Владата го потврдува фактот дека криминалот и корупцијата во Македонија има своја држава.

Реконструирањето на спортската сала Борис Трајковски по желба на нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи, го чини буџетот на РМ повеќе милиони евра, замислете за настан кој ќе трае два дена. Говорам за годишното собрание на ОБСЕ каде заседавач е Македонија. Ако господинот Османи бил вистински домаќин, организацијата ќе ја направеше согласно нашиот реален статус и стандард кој го имаме ние во Република Македонија. На располагање има елитни хотели како Мериот, Хилтон, Александар Палас, Хотел Парк, каде можеше да ги смести учесниците на овој самит и квалитетно согласно нашите можности да го организира овој настан. Народот би рекол „чин за осуда“.

И последниот настан кој ја возбуди македонската јавност е појавата на криминал со цитостатици на Клиниката Онкологија при Клиничкиот центар во Скопје. Дефинитивно недостасуваат лекови во нашето здравство, не само на Онкологија, туку и на сите клиники кои работат во склоп на Клиничкиот центар во Скопје и клиниките низ цела Македонија. А самиот недостаток на лекови дава можност да се појават и криминални дејанија кои дефинитивно ги плаќаат и самите пациенти. Не можам да разберам во буџетот на Република Македонија има средства за чалам на нашиот министер за надворешни работи, а недостасуваат буџетски средства за фармацевтски производи кои живот значат. Овој чин сам за себе говори до кој степен е срозен севкупниот општествен систем во Република Македонија.

Средства во буџетот на Република Македонија има за формирање на министерства и настани кои во основа претставуваат хир на одредени политички субјекти во владата, а средства за здравство и образование нема.

Мојот став се должи пред сè на мојот порив дека човекот како единка е најбитниот сегмент во нашето општество, а за да човекот биде за себе и општеството полезен потребно му е добро образование и силен здравствен систем. За жал во актуелната влада мојот порив за местото и улогата на човекот е мисловна именка.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %