Став на Костовски

ВАКА ЛИ ?

Господинот Заев и господинот Мицковски покажаа и на дело дека дадениот збор и подадена рака пред севкупната македонска јавноста на последниот дуел на Канал 5, за фер и демократски избори, не вреди ни пет пари.

Вокабуларот на двајцата лидери каде преовладува омраза, омаловажување и навреди е слика која мене лично ме погодува многу. Ваквиот вокабулар кога ќе се пренесе на пониските ешалони во партиите, доведува до уште пострашни последици по целото општество.

Дали вака се гради иднината на Македонија?

НЕ, никако. За жал манирите на донеизградени личности кои ги водат партиите се отсликуваат во нашето секојдневие и со тоа уште повеќе го носат обичниот граѓанин во депресија.

Со навреди и омраза не се гради општество. Дијалог, конструктивна расправа и имплементирање на позитивните трендови не само во партиите туку и во целото општество треба да бидат водилка за секој поединец кој има претензии да биде лидер во партија и кој треба да застане на чело на оваа држава.

Таму каде царува омразата, владее сиромаштијата. Не е ни чудно што за прв пат во тридецениската историја на независна Република Македонија се пријавија толку кандидати за градоначалници и советнички листи кои се надвор од најголемите партии. Токму овој факт ја отсликува Македонската реалност дека во изминативе три децении политичките партии не испорачаа ништо од тоа што граѓаните на Република Македонија го посакуваат, а тоа е подобар стандард и дел од Европското семејство.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %