Луѓе

Каратето влијае на карактерот на човекот

Катерина Богданоска Јаковлеска е карате тренер и судија од Гостивар. Со својот карате клуб „Гостивар Доџо“ таа на најмладите им ја пренесува љубовта кон еден од најстарите спортови на светот.

Од кога се занимаваш со карате и како би го опишала каратето како спорт?

Со карате се занимавам повеќе од 20 години. Каратето е боречка вештина чијшто симбол е самообраната. Каратето како спорт им дава можност на учесниците да се натпреваруваат тимски или поединечно. Воедно, карате е единствен спорт којшто влијае на карактерот на човекот, односно со текот на тренинзите се зголемува нивото на толеранција, самоконтрола, самодовербата континиурано расте, детето се учи на самоодбрана, на поголема дисциплина, почит, упорност и мотивираност, додека пак рефлексот за реагирање на одредена ситуација/информација е на многу високо ниво.

Кога го основаше „Гостивар Доџо“ и со кои категории на членови работиш?

Карате клуб Гостивар Доџо е основан во 2016 година и е член на Карате Федерација на РСМ. Тренинзите се одржуваат во приватна сала, опремена со сите реквизити потребни за непречено одвивање на тренинзите. Морам да признаам дека поради тоа што јас како жена сум тренер и основач на клубот, желбата кај девојчињата за тренирање на овој спорт е зголемена. Во нашиот клуб има членови од најмала возраст 4 години, па се нагоре. Категоризацијата е 50% женски 50% машки членови, но бројот постојано се менува. Искрено, за многу краток период, нашите членови остваруваат извондредни резултати, за кое нешто сум посебна горда.

Од неодамна стана и карате – судија. Кои се условите да станеш судија и како изгледаат подготовките?

Задолжително присуство на судиски семинар кој го организира Судсиска комисија на КФМ, на кој семинар детално се објаснуваат правилата за судење од страна на судиската комисија, потоа следува одржување на тренинзи на коишто се дообјаснуваат правилата за оценување, но овој пат практично.

По завршување на судискиот семинар, за категорија кати се полага на начин што се одговараат прашања за теоретскиот дел, потоа изведба на ката за практичниот дел и објаснување на техничките елементи од катата, како и полагање за бодување (оценување) на кати прикажани на видео од европски и светски натпревари.

За категорија борби, се полага теоретски дел , со одговарање на прашања и практичен дел којшто се состои од судење на кумите (борба).

Кои се твоите планови за во иднина?

Да зборувам што повеќе за каратето како спорт, затоа што за жал истото кај нас не е воопшто промовирано, а поради тоа ретко кој ги знае придобивките од овој спорт, со самото тоа да ги мотивирам децата да тренираат карате.

Сепак најголема цел ми е нашите членови да бидат репрезентативци кои ќе ја претставуваат нашата држава на балкански, европски и светски првенства. Непроценливо е чувството за мене како тренер, кога член од нашиот клуб ке пушти солза радосница по освоен медал на натпревар. Тогаш знам дека сум ја направила вистинската работа.

 

 

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %