Јогата ја практикувам за да се разбереме себeси и светот што го создавам
Јогата е комбинација на духовна и физичка активност која потекнува од Индија, а Фросина Наумовска од garden.yoga.sk ќе ни открие нешто повеќе за една од најстарите вештини на светот.
Фросина, од кога се занимаваш со јога и од каде интересот за оваа вештина?
Од мали нозе сум физички активна, но како што изминуваше времето и растев и се запознавав себе си, полека почнував да ја будам подлабоко самосвеста за својата нр само физичка туку и ментална и емпционална состојба. Се запознав со јогата и речиси 6 активни години ја практикувам. Јогата ја практикувам за да се разбереме себeси и светот што го создавам.
Низ живото со јогата се насочувам и си помагам во личниот развој и наоѓањето на одговорите на сите прашањата што си ги поставувам.
Кои се придобивките од јогата?
Јогата има премногу придобивки за да се споменат, но сите се насочени кон една посебна цел да се одржи подобро здравје и благосостојба преку единство на умот и телото.
Накратко би одвоила мал дел како водич на придобивките.Јогата помага во контрола на емоциите го подобрува расположението, го подобрува сонот, подобрување на квалитетот на спиење и помалку стрес на работното место.Покрај физичките придобивки најмногу влијание има и врз менталното и спиритуалното здравје.
Кој се може да вежба јога?
Јогата може да ја практикува секој, не постои возрасна граница а според мене лично сметам да се започне од мала возраст и така да се води низ процесот на животот.
Која е според тебе најтешката и најинтересната јога – поза?
Јогата е вежи лично за себе, како еден најинтересен и најдобар предизвик покрај физичките вежби можам да кажам е личниот развој и желбата да се стане подобра личност и работи на себе. Како еден предизвок во јогата да се задржи фокусот и свесноста за таа личност да излезе на површината.
Можам да кажам дека headstand ми е една од најпредизвикувачките пози а покрај сите вежби медитацијата ми е најомилена и сметам дека е сепак најтешкото нешто во јогата.
Ја сакаат ли Македонците јогата?
Кај нас во Македонија и не толку се запознаени со јогата илипак сосема нејасна слика во тој поглед.
Мислам дека многу малку ги разбираат придобивките на јогата и исто така не пробуваат да ја искусат во голем број. Има секако доста млади каде што ја практикуваат и се надевам во иднина ќе станеме во се поголем број.
Кои се твоите планови за во иднина?
Моите планови за во иднина се да ја пренесам школата на помладите и да им помогнам на постарите. Бидејќи јогата е повеќе од вежби.





















