ЛЕВИЈАТАН
Пишува Марија Јовановска, дипломиран политиколог
Англискиот филозоф Томас Хобс (05. април 1588 – 04. декември 1679) е продолжувач на англискиот емпиризам, познат и по разработка на теоријата на друштвениот договор. Негово најпознато дело е Левијатан (Leviathan). Во ова дело тој ја дава доктрината на модерното природно право.

Хобсовиот “Левијатан” е едно од оние филозофски дела кои претставуваат еден целосен спознајно-теориски универзум и зачеток на една голема приказна , која без разлика на сите кризи пулсира и денес (можеби и најживо денес).
Ако подобро размислиме, тешко дека ќе се сетиме на некоја поцелосна книга која би можела подобро и појасно да ни разоткрие што всушност се крие во секоја спектакуларно втемелена идеја за модерна држава.
Хобс твори во периодот кога производството во Англија води кон антагонизам на приватните интереси, коишто резултираат со опасен егоизам. Во овие услови законите на пазарот може да се окарактеризираат како закони на џунглата. Тоа е една тешка, депресивна, социјално – патолошка состојба во која тој заклучува дека владее законот “ Homo homini lupus est” (Човек на човека е волк). Понатаму заклучува дека во ваков волчји свет категориите добро и зло, правда и неправда не можат да се регулираат со индивидуално туку со општо, друштвено стојалиште, па според него нужно е постоењето на држава.
Хобс е творец на концептот за двоен договор за настанокот и функционирањето на државата; на друштвениот договор каде сите ќе се согласат за општо добро се надоврзува друштвено ≠ кралскиот договор каде народот своите овластувања му ги пренесува на кралот.
Но од каде произлегува ваквата “природна состојба на човештвото”?
Природната еднаквост на луѓето. Природата ги создала луѓето со речиси еднакви телесни и умствени способности, иако може да се наиде на човек поголем по сила или поспособен по ум од мнозинството; сепак општо земено разликата од еден човек до друг не е толку голема за да може едниот да бара бенефиции за себе кои не би ги заслужувал другиот, бидејќи што се однесува до телесната сила и најслабиот има доволно сила да го убие најсилниот било со тајни интриги или во сојуз со други кои се наоѓаат во иста опасност како и тој самиот.
Што се однесува до умствените способности, луѓето се дури и послични меѓу себе одошто по силата. Зошто мудроста не е ништо друго туку искуство. Причината што ова еднаквост се чини неверојтана е суетната вообразеност којашто знаеме е особина на многумина зошто секој се мисли помудар од сите други освен од неколку исклучоци за кои смета дека можат да му се доближат умствено, а ова верување се должи на нивната слава или на тоа што нивните мисли се совпаѓаат со неговите. Таква е природата на човекот, да се согласи дека има многу кои се поитри, поучени, поелоквентни; но тешко да поверува дека има други толку мудри како него самиот; оти својот разум го познаваме, а туѓиот не!

Од еднаквоста произлегува недоверба. Од еднаквоста на способностите пак, произлегува надеж дека ќе ги достигнеме своита цели. Затоа доколку двајца посакуваат исто нешто, кое сепак не можат да го имаат и двајцата, тие ќе станат непријатели; и за да ја постигнат својата цел, што е најчесто нивна сигурност, а понекогаш и чисто уживање се обидуваат да се уништат, да се потиснат еден со друг.
Од недовербата – војна. Поради ваквата заемна недоверба, постои само еден разумен начин на кој човекот може да си обезбеди сигурност, а тоа е: прв да нападне. Значи се додека гледа доволно голема моќ што би можела да го загрози, треба по пат на сила, или со измами да ги потчинува луѓето околу себе, само за да си ја зачува својата безбедност. Освен тоа има и такви кои можат да се занесат во примената на својта моќ при освојувањата при што одат подалеку одошто е потребно за да се зачува сигурноста, па оние кои инаку би се задоволиле со живот без страв во скромни услови нема да бидат во состојба уште долго да преживеат бранејќи ја само својата безбедност. Поради тоа за да може човек да ја зачува својата безбедност неопходно е да ја зголмува својата власт врз другите и тоа треба и да му се дозволи!
Луѓето не уживаат, туку напротив, тие се многу незадоволни во друштво на луѓе кои не можат да ги држат во страв. Зашто секој си бара пријател кој ќе го цени во иста мера како што се цени самиот; па штом забележи потсмев или потценување, се обидува да изнуди почит од оние кои го презреле така што ќе им наштети, а на останатите нанесената штета ќе им служи за пример.
Кај човекот, значи, наоѓаме три причини за непријателство: прво, натпревар; второ, несигурност; и трето, слава. Поради првата човекот напаѓа за добивка; поради втората, за сигурност; поради третата за углед. Поради првата користи насилство со цел да загосподари со другите луѓе, со нивните жени, деца и нивниот имот; поеради втората, со цел да ги одбрани нив; поради третата, заради ситници: зборови, потсмев, поинакво мислње или друг знак на потценување, било тоа да се однесува на него лично или на неговите роднини, пријатели, професијата, името и сл.
Надвор од државите се одвива постојана војна на секој против секого. Одовде произлегува фактот дека доколку луѓето живеат без авторитет кој би ги држел под своја власт, настанува сосотојба која се нарекува војна; И тоа војна на секој против секого, во која човек на човека е волк! Зашто војната се состои не само од битки, или од чинот на борба; таа се одвива со текот на времето. Војната се состои во самото непријателство и е присутна се додека постои склоност кон непријателство.
Непријатноста на таква војна. Времето на војна во кој секој секому е непријател е време кога луѓето живеат без друга сигурност освен онаа што можат самите да си ја обезбедат. Во таква состојба не може да се развие производство, зашто неговите плодови се несигурни, а поради тоа и земјата не се обработува, нема навигација, не се увезува стока, недостига знаење, не постои општество а што е најлошо од се , присутен е страв и закана од насилна смрт, додека човековиот живот е самотен, сиромашен, опасен, суров и краток.
Во таква војна ништо не е неправдено. Во таква војна на секој против секого, следува и следново: ништо не може да биде неправедно. Поимите правилно и погрешно, правда и неправда, едноставно немаат значење. Без авторитет, нема закон; без закон нема неправда. Силата и измамата се главните доблести за време на војна. Правдата и неправдата не се во доменот на телото, ниту на разумот. Да беа, би ги поседувал и човек сам на светот во иста мера во која ги поседува и своите сетила и страсти. Тоа се својства сврзани за човекот во општеството, а не во самотија. За оваа состојба е карактеристично и тоа што тука нема мое и твое, овде постои само она што секому може да му припадне, а му припаѓа на оној кој прв ќе го зграпчи! И тоа додека е во состојба да го задржи.
Чувства поради кои човекот се стреми кон мир. Чувствата поради кои човекот се стреми кон мир се: страв од смртта; желба за она што му овозможува удобен живот и надеж дека со работа ќе го стекне тоа. А разумот предлага мировни договори со кои многумина можат да се согласат.
Набљудувајќи го ова дело од денешен агол би можела да кажам дека тоа представува кристално јасен модел на сите можни аспекти за кои што треба да поведе сметка секој оној кој што сака да се занимава со државни работи. Ова дело оддава тродимензионална проекција на државното уредување, структура и институции, како и потребните политички механизми кои ја одржуваат државата во живот и го прават човковото постоење возможно.
Можеби некому, кој не ги согледал убаво овие нешта ќе му изгледа чудно што и по неколку века се согласуваме дека волчјиот инстикт се уште владее со луѓето иако живееме во време на мир и навидум хумани односи. Но кога би се набљудувале самите себе ке видиме дека секогаш имаме потреба од сигурност, дека постојано ги заклучуваме вратите од нашите домови, а во самиот дом ги криеме вредните работи; и сето тоа го правиме иако знаеме дека постојат закони и вооружени чувари на редот подготвени да ја спречат секоја повреда кој би можела да ни биде нанесена. Но Хобс ке рече: “Правото не е она што е праведно, туку она што е наредено” (Ius non est iostum, sed iosum!)
Тогаш какво ли ни е мислењето за нашите соседи, кога постојано ги заклучуваме вратите? За сопствените родители и деца, кога имаме потреба да сокриеме нешто?
Но, сепак таква е човечката природа. Страстите и другите желби на луѓето не претставуваат грев самите по себе. Ниту пак се грев делата поттикнати од овие желби, додека не наидат на закон што ќе ги спречи; зашто додека не постојат закони делата не знаат што е забрането, а човекот и кога знае се обидува да го избере полесниот пат, па и кога тоа значи да се наштети на другиот.
И кога ќе ја согледаме целосната слика ми останува само да се запрашам: “Дали можеби сме неправедни кон волците? Дали со ова позната максима дури и ги навредуваме?
Мислам дека подобро би звучело: „Човек на човека е ЧОВЕК!”

















