Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Она што е многу побитно е оваа средба и позадината на оваа средба во Тирана. Мислам дека позадината на оваа средба е сериозна паника која што во моментов се јавува во власта. Најмногу кај СДСМ е, колку и да изгледа нетипично за реториката за оваа средба која што деновиве е во јавноста. Јас според мое мислење и сознанија мислам дека оваа средба се случува токму на барање на СДСМ и на Димитар Ковачевски, кои што бараат помош во опстојувањето на оваа Влада, затоа што Владата е пред распад и се обидува на овој начин да добие помош за спас на својата Влада. А, за возврат да реализира политички ако сакате и регионални агенди кои што се на штетат на Македонија и македонскиот народ“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека СДСМ и Ковачевски се спремни дополнително да одат на штета на македонскиот народ во корист на одредени други агенди и само за да уште некој месец оваа Влада да остане на власт, затоа што тоа е максиумот што може да го добие. И во таа насока СДСМ и Ковачевски бараат гума за спасување кај Еди Рама.

„Но, условите се променети и гума за спасување нема да ја добијат затоа што немаат поддршка кај народот и мислам дека утре ќе има само една јалова средба и ќе има само едно сликање и позирање кое што нема да донесе ништо добро на Македонија и само ќе го крене гневот и фрустрацијата кај македонскиот народ што ќе се види на следните избори. Одлуките за Македонија треба да се носат во Македонија и после промената на власта една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека одлуките треба да се носат во Собранието, бидејќи тие пратеници ги има избрано народот.

„И она што најмногу загрижува, а ја потврдува оваа теза што ја споменав е молкот од страна на СДСМ, кој што збор немаат кажано за оваа средба“, нагласи Николоски.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %