Луѓе

Преубавата природа во Македонија ме инспирира

Марија Ефанова е Русинка која веќе 6 години живее во Битола заедно со нејзиниот сопруг кој е Македонец. Нејзините вешти раце креираат накит изработен од епоксидна смола во кој се вметнати природни цветови. Marys.handmate.mk нуди навистина посебен дизајн одличен за летните денови.

1. Мариja, како доjде до идеjaта за изработка на ваков вид на накит?
Со изработка на накит од епоксидна смола и природни цветови започнав во 2018 година. Најквалитетната епоксидна смола според моето искуство во овие 5 изминати години ја набавувам од Русија.
Искрено , никогаш не помислив дека некогаш ќе се занимавам со нешто слично, како што е рачната изработка бидејќи мојот живот беше врзан со работа во канцеларија и со индустрија за мебел. Но кога пристигнав тука во Македонија не можев да работам поради јазична бариера и сл. но ми беше потребна некоја занимација. Најпрво започнав со работа со техника декупаж, но подоцна се сретнав со изработката на накит од епоксидна смола и се вљубив и решив и јас да пробам. Започнав со собирање на различни цветови и нивно сушење.
И еве веќе 5 години се занимавам со оваа техниката на изработка на накит и се повеќе и повеќе се вљубувам во таа техника на изработка на накит. Овие украси јас ги изработувам со големо задоволство, додека крајниот производ ми дава посебно чувство, и со нетрпение го чекам следното утро за нови идеи и изработки.
И сето тоа никогаш не здосадува, и дава уште поголеми воздишки.


2. Како изгледа процесот на изработка?
Изработката не е брза и едноставна, потребно се неколку денови, работата составена од неколку етапи, најпрво започнува со собирање и сушење на цветови. Се започнува со течна смола која што се става во калапи и која што се додава во слоеви и потоа се ставаат цветовите, овој процес трае 3-4 дена кога ќе се стврдне смолата , се почнува со шмирглање и потоа готовиот производ се полира за да добие сјаен изглед. На краjoт се аплицираат метални држачи и ланчиња, во зависност од накитот и желбата на купувачот.


3. Што те инспирира?
Самите цвеќиња ми даваат инспирација, во природата има толку многу различни убави цветови што е невозможно да не се заљубиш во нив. Доволно е само да се замисли цветот и веднаш доаѓа се наметнува идејата каква да биде декорацијата и во каква комбинација.
Мој омилен цвет е хортензија, кој што е прекрасен и со тој цвет може да се направат многу различни украси и облици.
Секако не треба да се заборави на преубавата природа во Македонија која што исто така ми дава голема инспирација за изработка на накит. Самиот поглед од балконот во Битола каде што живеам ми дава енергија за цел ден и ми дава нови идеи за работа.


Што се е дел од твојот асортиман?
Асортиментот на моите изработки се состои од : обетки во различни форми, привезоци со врвка, ланчиња, прстени и брошеви. Има најразлични
калапи како вишна, маче, птица, детелина, коцки итн.
Изработувам накит по нарачка по желба на клиентите, и пробувам да ги следам сите нивни желби и побарувања за накит доколку е во моите можности.
Последниве години не сум во можност да изработувам поголем асортиман и количина како претходно поради недостаток на време бидејќи имам мало дете , така што моето време треба да го распределам помеѓу фамилијата и моето хоби.
Во последно време има голема заинтересираност за ваков тип на рачна изработка при што добивам многу прашања за насоки за оваа техника и поради тоа пред неколку месеци напишав прирачник односно инструкција за етапна техника за изработка на
накит од епоксидна смола и природни цветови, каде што детално е напишан начинот на изработка на кој што работам каде што се споделени и искуства во врска со
работата.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Луѓе

Next Article:

0 %