Став на Костовски

ПОЛОВИЧНИ РЕШЕНИЈА

Сведоци сме дека во изминатите неколку месеци се почесто се говори за две клучни работи: прво за Изборниот законик и втората тема е за укинување на процентот 20 на етничките заедници за употреба на мајчиниот јазик во локалната самоуправа.

Мојот став по двете прашања е следен: Изборниот законик мора час поскоро да биде изменет при што Македонија ќе биде една изборна единица со слободни листи. Ова се два услови кои не смееме да ги изоставиме доколку дојде до промена на Изборниот законик. Во Изборниот законик лежи целиот проблем за успешноста или неуспешноста на Република Македонија за нејзино приближување кон ЕУ, а уште побитно за просперитетот на граѓаните кои живеат во Република Македонија.

Во врска со 20 проценти застапеност каде ќе следи и отворање на Уставот на Република Македонија без елиминирање на Бадентер и балансерот, Уставот не треба да се отвора. Половични решенија не се потребни.

Причина за ваквиот став е дека Македонија гради граѓанско општество, каде етничките заедници треба да ги имаат сите права.

Можеби ќе ви се допадне

Став на Костовски

ПРЕДИЗБОРИЕ

Со големо внимание ги прочитав изјавите на двата најсериозни кандидата господин Пендаровски и госпоѓа Силјановска-Дафкова, ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %