НЕУСПЕХ ЗА МАКЕДОНИЈА
Премиерот Заев и вицепремиерот Димитров во исти ден потврдија дека преговорите со Бугарија се во ќорсокак. Тоа е неуспех на Македонија, неуспех на двоецот Заев-Димитров. Врв на хипокризијата беше предлогот на првиот човек на Владата на РМ да во учебниците по историја се брише називот Бугарски фашистички окупатор за периодот 1941-1944 година. Препорачувам, господинот Заев да престане да се занимава со бугарското прашање и со историјата, а господинот Димитров да се замисли како искусен дипломат кому му служи и зошто му служи.













