НЕСПОСОБНИ
Игор Здравковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Во најголемиот буџет во историјата на Македонија предвиделе 615 милиони евра капитални инвестиции, а немаат годинава ни 220 милиони евра реализирано.
Нема реална основа на што да се темелат очекувањата за зголемување на реализацијата кога ништо не е сменето во оваа неспособна Влада.
Дополнително проблем е тоа што следува и енергетска криза која директно ќе удри по џебот на граѓаните, па наместо да се мисли на мерки кои ќе помогнат во намалување на шокот на граѓаните, неспособниве мислат како да потрошат 5м€ за нови возила…
Граѓаните им кажаа што мислат на локалните избори, но наместо да се опаметат, тие продолжуваат со непродуктивни трошоци.
Штетата што секојдневно се прави ќе биде тешко да се санира и затоа се неопходни брзи избори за да се спаси она што може да се спаси. Во спротивно не чека исклучително тешка година и уште понеизвесна иднина.
Се надевам дека на амандманската расправа ќе се прифатат предлозите на опозицијата за реалокација на средствата предвидени за непродуктивни трошоци за ставки кои директно би спречиле осиромашување на граѓаните

















