Министерот за здравство Фатмир Меџити борец за албанската кауза
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, дојден од партијата Алијанса на Албанците за својот краток работен стаж испорача многу ставови и решенија кои директно или индиректно уште повеќе го загрозуваат јавното здравство во Република Македонија.
Очигледно, идејата за влегување на партијата Алијанса на Албанците во власта, беше да уште посилно се презентира како сеопшта албанска партија која ги штити интересите на Албанците во Република Македонија и нивните сонародници од Косово и Албанија.
Сè уште се свежи првичните информации од Господинот Меџити дека јавното здравство е во катастрофална состојба и дека во неговото функционирање има многу финансиски загуби. Организациската поставеност на јавното здравство тој ја процени како алармантна и деновиве бевме сведоци за разрешување од функцијата директор на кардиохирургија во Клиничкиот центар Скопје на доктор Јовев од само нему разбирливи причини. Новата изјава на господинот Меџити дека цените во јавното здравство кои важат за граѓаните во Република Македонија ќе бидат идентични и за граѓаните од Косово и Албанија. Имено по неговите зборови граѓаните од Албанија и Косово плаќале двојно повисоки цени отколку граѓаните на Република Македонија. Ова е чин кој заслужува осуда по неколку основи. Најнапред Јавното здравство е во катастрофално лоша состојба од финансиски, персонален и технички аспект. Граѓаните на Република Македонија се жалат на лошите услуги од овој сервис. За Господинот Меџити е многу битно да бидат услужени во нашето јавно здравство и граѓаните од Косово и Албанија. Би го разбрал овој порив на господинот Меџити, доколку нашето јавно здравство изобилува со сите перформанси во услугите за нашите граѓани и во такви услови да понуди услуги и на нашите соседи. Не можам да му го разберам поривот да при финансиски уништено здравство Господинот Меџити доделува референтни, во позитивна смисла цени за здравствените услуги и на граѓаните на Косово и Албанија. Ваквите постапки на министерот водат само кон еден заклучок, интегрирање на Република Македонија како идна заедница со Албанија и Косово. Дали сме спремни за ваков чин е прашање коешто за секој од нас граѓаните на Република Македонија мора да си го поставиме пред себе.
Патот на Република Македонија е ЕУ. Доколку не влеземе во ЕУ тогаш дефинитивно треба да се прашаат на референдумско изјаснување граѓаните на Република Македонија. Очигледно е дека актуелната власт предводена од СДСМ не е во состојба да го сопре овој непримерен чин од господинот Меџити и упатувам апел до нашите пријатели од ЕУ и САД да не молчат.













